Бугарија го намалува ДДВ-то за ресторани, книжари, храна за бебиња

77

Парламентарната комисија за буџет и финансии во Бугарија го усвои предлогот за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на рестораните, книжарниците, храната за бебиња и пелени, пишува Novinite.

Пратениците го поддржаа предлогот да се намали ДДВ-то на овие категории на производи од 20% на 9%.

Иницијативата за намалување на ДДВ-то на алкохолни пијалаци со помал процент на алкохол, вино и пиво, беше одбиена.

Фото: Pixabay