Бугарија и Романија ќе создаваат заеднички туристички инфоцентар

47

turizam

Бугарија и Романија планираат да создадат заеднички информативен центар за претставување на туристичките производи на двете земји. Целта на формирањето на овој центар е да се привлечат туристи од Кина, Јапонија, Индија и други земји, пишуваат бугарските медиуми.

“Романија е клучен туристички пазар и партнер за Бугарија, а нашите билатерални односи во оваа индустрија имаат добри традиции”, изјави бугарскиот министер за туризам, Николина Ангелкова.

Деталите за создавање на центарот ќе бидат прецизирани во втората половина на декември.