Бугарија ќе изгуби од 90.000 до 150.000 работни места ако ЕУ го донесе овој закон

89

Доколку законот за климатска неутралност (Зелениот договор на ЕУ) до 2050 година стапи на сила во својот сегашен облик во Бугарија најпогодени ќе бидат секторите сообраќај и рударство.

“Бугарија ќе изгуби од 90.000 до 150.000 работни места“, изјави претседателот на Конфедерацијата на независни синдикати, Пламен Димитров.

Според претседателот на Асоцијацијата на индустриски капитал во Бугарија, Васил Велев, металскиот сектор и делови од хемиската индустрија ќе изгубат од Зелениот договор, бидејќи имаат голема потрошувачка на електрична енергија, а поради нејзината висока цена ќе станат неконкурентни, пренесува Бугарското национално радио.

Социјално – економскиот совет смета дека Бугарија ќе биде меѓу најпогодените земји во ЕУ што се однесува до идните промени поврзани со Зелениот договор.

Фото: Pixabay