Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните три недели

Цените на нафтата вчера паднаа за четири проценти, на најниско ниво во последните три недели, па така нафтата Брент чинеше околу 63 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) чинеше околу 58,8 долари за барел.

Главната причина за таков исход се стравувањата од растот на прекумерното снабдување, објави Trading Economics.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) предупреди дека пазарот на нафта е сè повеќе неурамнотежен, при што глобалните залихи растат и се очекува уште поголем суфицит.