CES ќе се одржи во целосно дигитален формат во 2021

54

Пандемијата на коронавирусот предизвика голем удар врз автомобилската индустрија, а исклучок не се ниту манифестациите, меѓу нив и CES (Consumer Electronic Show).

Здравствената криза воопшто не стивнува, а со тоа се доведуваат во прашање голем број автомобилски настани и нивната иднина. Голем дел од манифестациите беа откажани, дел беа одложени, а делумна жртва е и CES, настан кој е посветен на технологијата, но во последните години се претвори во еден мини автомобилски Салон.

CES е делумна жртва бидејќи настанот ќе продолжи да се одржува, но ќе биде “целосно дигитално искуство“ за 2021 година. Голем дел од деталите остануваат нејасни, но организаторите ветуваат “неверојатно искуство, каде што посетителите ќе имаат место во предните седишта да ги откријат и запознаат најновите технологии“. Тие велат дека дигиталниот формат ќе им овозможи на луѓето ширум светот да ги видат пионерски технологии како и лансирањето на најновите производи.

Останува да се види како изложувачите ќе го прифатат новиот формат, но промените се еден вид назнака за тоа во какви времиња живееме. Како што вели извршниот директор на CES, Гери Шапиро, “среде пандемија и растечката загриженост за глобалното здравје, едноставно не е возможно безбедно да се заседава со десетици илјади посетители во Лас Вегас на почетокот од 2021 година. Технологијата ни помага во работата, ни помага да учиме и да се споиме за време на пандемијата, а тие иновации ќе ни помогнат да направиме еден нов изглед за CES 2021 и да ја зближиме технолошката заедница на еден поинаков начин“.

Дигиталниот настан ќе се одржи помеѓу шести и деветти јануари. Сепак, CES планира да се врати на традиционалниот начин на одржување на манифестацијата во 2022 година, но исто така ќе ги инкорпорира најдобрите елементи од дигиталното шоу исто така.

Преземено од Avtoplus.mk