Фото: Facebook
Енергетската компанија Chevron ја купува нафтената компанија Anadarko Petroleum во договор чија вредност е 33 милијарди долари во говото и во акции. Со оваа трансакција, Chevron ќе биде вториот најголем производител на сирова нафта во светот, пишува Reuters.
Новата компанија би произведувала околу 3,9 милиони барели нафта дневно.
Ова преземање за Chevron ќе значи зајакнување на својата позиција на пазарот на нафта и да го унапреди бизнисот на течен природен гас.
Chevron, исто така, презема и долг од 15 милијарди долари на компанијата Anadarko.