Фото: Pixabay
Alphabet, матичната компанија на Google, има нов бизнис за сајбер безбедност, пишува Mashable. Новиот проект Chronicle е креиран да им помогне на компаниите да се борат против сајбер криминалот.
Извршниот директор на Alphabet, Стефан Жилет, на својот блог објаснува како точно ќе функционира платформата и за што ќе се користи.
Chronicle ќе се бори против хакерите и ќе им помага на бизнисите коишто имаат проблеми со сајбер безбедност, ќе управува и ќе ги чува безбедносните податоци на клиентите со користење на разни алатки и машини.
Целта е да се детектираат и решат евентуалните проблеми што побрзо и поефикасно.