Coincasa и @Home се вклучија во помошта за Србија и БиХ

42

Со прекривки, јоргани, ќебиња, свеќи и играчки, донација вредна над 200.000 денари, Coincasa и @Home се вклучија во големата акција за помош за семејствата чии домови се поплавени во Србија и Босна и Херцеговина.

„Во вакви моменти секаква донација е добредојдена, а посебно неопходности за домот и за секојдневните потреби. Донираните пакети што вклучуваат производи за домаќинство, како и играчки за децата се надеваме дека ќе придонесат за разубавување на суровата реалност со која се опкружени и веруваме дека ќе им бидат од значење и помош во периодот на реставрација на нивните домови. На овој начин, сакаме да упатиме и јавен апел до останатите компании да се приклучат на големата хуманитарна акција што ја организира Македонија и да обезбедат барем дел од неопходните ресурси за загрозените семејства од поплавените подрачја“, изјави Марина Димитровска, бренд менаџер во Coincasa и @Home.

Општествено одговорните активности се нешто што претставува долгогодишна пракса и во континуитет ги следи овие две компании, а оваа донација само ја продолжува таквата низа.