Croatia Airlines наплаќа за избор на седиште во авион

0
0

Фото: Pixabay

Хрватскиот авио превозник, Croatia Airlines, започна да им наплаќа на патниците во економска класа избор на седиште на неколку свои летови, 48 часа пред полетување, пишува Exyuaviation.

Патниците во економска класа на линиите од Загреб до: Копенхаген, Даблин, Хелсинки, Осло, Стокхолм и Санкт Петерсбург, како и меѓу Сплит и Копенхаген, ќе плаќаа по 15 евра ако сакаа да седат до преминот во средина. Исто така, 12 евра ќе чини седењето во првите два реда во економската класа, а 10 евра за останатите места по избор.

Ова нема да важи за патници кои имаат картички од Senator и NOH Circle member статус во програмата Miles & more

Патниците кои ќе го прифатат седиштето што ќе му биде автоматски доделено, нема да го плаќаат овој трошок.