Daimler “раскинува“ со Renault и започнува соработка со Geely

60

Германскиот производител на премиум автомобили Daimler започнува интензивна соработка со кинески Geely за развој на нова генерација на мотори.

Врската меѓу Daimler и Geely наскоро ќе стане уште подлабока, откако портпаролот на германскиот производител потврди дека двете компании работат на нов мотор. Деталите остануваат ограничени, но како што изјави портпаролот за Reuters, “компаниите планираат да развијат високо ефикасен модуларен мотор“. Исто така, открија дека моторот ќе се произведува во Кина и Европа и ќе се користи во хибридните модели.

Оваа потврда доаѓа кратко по извештајот на Handelsblatt во којшто се истакна дека двете компании “заеднички ќе произведат стотици илјади бензински мотори“ годишно почнувајќи од 2024 година. Публикацијата отиде до таму што тврдеше дека Daimler ќе биде задолжен за развојот на моторот, а Geely ќе ги произведува во Кина.

И додека некои мотори очигледно ќе се прават во Европа од страна на Daimler, поголемиот дел од нив се предвидени да се произведуваат во Кина. Ова ќе ги вознемири синдикатите, според германскиот извештај.

Од друга страна, се чини дека ова партнерство ќе го замени она кое Daimler во моментов го има со Renault. Во истиот извештај се наведува дека соработката со Geely се очекува да резултира со годишни заштеди од стотици милиони евра за Daimler.

И додека голем дел од деталите остануваат нејасни, партнерството се чини дека е резултат на тоа што основачот на Geely, Ли Шуфу, откупи речиси 10 проценти од акциите во Daimler во 2018 година. По овој потег, Daimler продаде 50 проценти удел од брендот Smart на Geely и Ли Шуфу форсира подлабока соработка меѓу двете компании.

Повеќе информации се очекуваат во следниот период, но се чини дека можеме да очекуваме ново семејство на мотори кои ќе бидат насочени на ефикасност и електрификација.

Преземено од Avtoplus.mk