Данскиот парламент го поддржа предлогот на Владата до 2050 година да им стави крај на сите активности за истражување и вадење нафта и гас во Северното море и да се откаже од најновиот круг на концесии.
Данска минатата година усвои амбициозна климатска цел, одлучувајќи ги да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 70% до 2030 година, а да дојде до нула до 2050 година. Одлуката ја доведе во прашање иднината на експлоатација на гас и нафта во Северното море.
Според тоа, 2050-та година ќе биде последна во којашто ќе се експлоатираат фосилни горива во Северно море.
Фото: Freepik