Дебарски бањи Цапа со зголемена добивка за над осум милиони денари

44

capa

Дебарски бањи Цапа од Дебар евидентираше нето добивка во висина од 23.166.000 денари за девет месеци од 2014 година, што за споредба со истиот период лани е зголемување за 8.135.000 денари.

Ова го покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи на компанијата во овој период се на ниво од 97.900.000 денари, додека во истиот период лани истите биле 91.850.000 денари.