Deutsche Telekom презема потполна контрола над T-Mobile Чешка

42

Deutsche-TelekomDeutsche Telekom објави денеска дека ќе плати 828 милиони евра за потполна контрола над чешката подружница T-Mobile Чешка во рамките на интеграција на структурата на мобилните мрежи и фиксните телефонски линии во Европа, јавува Блумберг.

Deutsche Telekom ќе ги купи преостанатите 39,23% удели од конзорциумот на инвеститори на чело со инвестициската група Mid Europa Partners, соопштуваат од компанијата.

За трансакцијата нема да треба регулаторно одобрување.

Откупувањето е дел од стратегијата на компанијата да се прошири во Источна Европа. Во ноември минатата година Deutsche Telekom го купи варшавскиот провајдер GTS Central Europe за 546 милиони евра.