Digital Wellbeing – апликација што дава увид во времето поминато на мобилен телефон

56

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Google создаде апликација што им овозможува на корисниците увид во времето што го поминуваат на својот мобилен телефон.

Станува збор за апликацијата Digital Wellbeing, којашто покажува колку време корисникот потрошил на својот мобилен телефон. Но, апликацијата дава податоци за тоа колку време бил вклучен екранот, колку известувања примил корисникот и колку пати го отклучил мобилниот телефон. Исто така, Digital Wellbeing на корисникот му покажува колку време потрошил на Facebook, Youtube или други апликации.

Апликацијата на корисникот му овозможува да постави и дневен лимит за користење на телефонот.