Дивиденда за акционерите на Макпетрол

209

Фото: Pixabay

Собранието на акционери на Макпетрол донесе одлука за плаќање на дивиденда по годишна сметка за 2018 година.

Тековната добивка за 2018 година, во износ од 778.116.492 денари и акумулираната добивка од претходните години во износ од 45.167.731 денари, односно добивка во вкупен износ од 823.284.223 денари, според одлуката се распоредува на: Дел за покривање загуба од негативни премии (29.867.928 денари), дел за задолжителна општа резерва (38.905.825 денари), дел за исплата на дивиденда (135.348.200 денари), дел за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп (200.000.000 денари), дел за исплата на членови на Управен одбор (14.000.000 денари), дел за исплата на раководни лица (3.400.000 денари), дел за исплата на вработени (40.000.000 денари) и дел за пренос на добивката во наредната година (361.762.270 денари).

Собранието на акционери на Макпетрол, исто така, донесе одлука за плаќање на дивиденда по годишната сметка за 2018 година.

“На акционерите на Макпетрол им се одобрува плаќање на дивиденда во висина од 135.348.200 денари бруто, односно 1.300 денари бруто за една акција“, стои во одлуката.

За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува втори јули оваа година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 28-ми јуни оваа година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е први јули.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши до 30-ти септември.