Дивиденда за акционерите на Макпетрол

241

Собранието на акционери на Макпетрол донесе одлука за распоредување на добивката по Годишна сметка за 2019 година.

“Тековната добивка за 2019 година, во износ од 878.150.912 денари и акумулираната добивка од претходни години, во износ од 393.088.984 денари, односно добивка во вкупен износ од 1.271.239.896 денари се распоредува на: дел за задолжителна општа резерва – 43.907.545 денари; дел за исплата на дивиденда – 202.758.000 денари; дел за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп – 23.500.000 денари; дел за исплата на членовите на Управниот одбор – 19.000.000 денари; дел за исплата на раководни лица – 6.350.000 денари; дел за испата на вработените – 60.000.000 денари; дел за пренос на добивката во наредната година – 915.724.351 денари“, стои во одлуката.

Собранието на акционери на Макпетрол, исто така, донесе одлука за плаќање на дивиденда по годишната сметка на компанијата за 2019 година (дивиденден календар).

“На акционерите на Макпетрол се одобрува плаќање на дивиденда во висина од 202.758.000 денари бруто, односно 2.000 денари бруто за една акција“, стои во одлуката.

За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 21.07.2020 година.

За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 17.07.2020, додека прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 20.07.2020 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши до 30-ти септември.

Фото: Freepik