Собранието на акционери на Раде Кончар апаратна техника донесе одлука за износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.
“Согласно одлуката за распределба на добивката по годишна сметка за деловната 2016 година, како и одлуката за распределба на акумулираната добивка за период од 2009 до 2013 година, се утврди износот на дивиденда за една акција да изнесува во бруто износ од 45 денари по акција“, стои во одлуката.
Датум на пресек на акционерската книга, како датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 06.06.2017 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 31-ви мај оваа година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е први јуни.
Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе се изврши во законски предвидениот рок, односно најдоцна до 30-ти септември.