Дизелот поевтинува за 1,50 денари, бензините и оваа недела по стара цена

73

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар, додека бензините и оваа недела ги задржуваат старите цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61 денар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50 денари за литар.

И оваа недела, бензинот Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 68 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе чини 70 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,539 ден/кг и со тоа новата цена ќе му биде 37,885 ден/кг.

Фото: Pixabay