Дизел горивото од полноќ ќе се продава по цена пониска за половина денар, додека бензините и во следните две недели ќе се продаваат по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52,50 денари, додека Еуросупер БС – 95 и во следните две недели ќе се продава за 66,50 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 ја задржува цената од 68,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за еден денар и ќе чини 41,00 денар за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,498 ден/кг.