Бензините поскапуваат за половина денар, додека еден литар дизел ќе се продава по цена повисока за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според тоа, новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 58 денари за еден литар, а Еуросупер БС – 98 ќе чини 60 денари за литар.
Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе поскапи два денари, па новата цена ќе биде 41 денар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 29,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,246 ден/кг.