Дизелот поскапува за два, бензините за 2,50 денари

32

polni-gorivo-pixabay

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде повисока за 2,50 денари и ќе изнесува 67,50 денари за еден литар. Исто толку поскапува и Еуросупер БС – 98, чија нова цена ќе биде 69,50 денари за литар.

Цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, па така еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 52,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 41 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,766 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.04.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,402 ден/кг