Фото: Pixabay
Дизелот добива нова и повисока цена за два денари, додека бензините и во следните две недели ќе се продаваат по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на Еуросупер БС – 95 и овие две недели ќе биде 63,50 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 65 денари. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 51,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.09.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.09.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,866 ден/кг.