Дизелот поскапува за половина денар, бензинот по иста цена

53

Според новата одлука на Реулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 останува да се продава по 68,50 ден/лит.

Мало зголемување има кај дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1).

Цените се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 51,00 ден/лит.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,924 ден/кг ќе изнесува 32,574 ден/кг.

Фото:Pexels