Телекомуникацискиот оператор Blizoo од денеска, па сѐ до средината на јануари 2014, на сите нови и постоечки корисници кои ги користат дигиталните видеоуслуги на операторот, бесплатно ќе им ги емитува сите 130 канали што ги има во својата понуда.
„Пред крајот на оваа година, најдовме уште еден начин да им се заблагодариме на нашите корисници за покажаната доверба. Затоа, донесовме одлука со која сите наши корисници на видео-сервисот ќе можат да уживаат во најатрактивните канали во моментов, од денес, до средината на јануари. Празничните денови ќе може да ги поминат со најблиските во нивниот дом, уживајќи во дигиталната телевизија на Blizoo”, се вели во соопштението од компанијата.