Фото: Pixabay
Лошата крвна слика е почеток на многу здравствени тегоби. Доколку имате проблем со анемија, овој рецепт ќе ви помогне да ги подобрите резултатите.
Состојки:
– 200 мл. мед
– 200 гр. ореви
– 200 гр. суво грозје
– 200 мл. сок од морков
– 200 мл. сок од цвекло
– 2 лимона
Подготовка:
Измелете ги двата лимона со кора и додадете ги медот, цедениот сок од цвекло и моркови. Потоа, додадете ги ситно исечканите ореви и сувото грозје и промешајте. Ќе добиете лековита смеса којашто може да ја чувате во стаклена тегла. Земајте по три пати дневно по една лажица пред или по оброк од овој еликсир.