Донација за болниците од Струмица и Штип од Телекабел

45

Болницата во Струмица, Одделението за нервни болести во Штип и Центарот за деца со посебни потреби од Штип, денеска ќе добијат донација од кабелскиот оператор Телебел.
Водени од мотото дека најбитно е човек да помогне онаку каде што е најпотребно, а по повод 17 годишнината од работењето, Телекабел ќе донира 40 ТВ приемници, поставени и приклучени на мрежата на Телекабел, со петгодишна донација за кабелска телевизија и неограничен интернет пристап во Болницата во Струмица, ќе ја доопреми дневната болница во Штип, а ќе подари и компјутер и лаптоп на Центарот за деца со посебни потреби во Штип.
Вкупната вредност на донацијата на Телекабел чини 1.152.680 денари.