Фото: Pixabay
Глобалната емисија на “зелени“ обврзници од почетокот на годината надмина 100 милијарди долари, пренесува Reuters.
Според Иницијативата за климатски обврзници, со овој износ во овој период од годината е направена голема пресвртница.
Овој вид на обврзници овозможуваат фиксен принос, а собраниот капитал служи за финансирање проекти што ја подобруваат животната средина.
Иако “зелените“ обврзници се мал дел од вкупниот пазар на обврзници, тие привлекуваат големо внимание, бидејќи имаат еколошки прифатливи цели.
Се очекува до крајот на оваа година да бидат издадени “зелени“ обврзници во вредност од 180 до 250 милијарди долари.