За луѓето кои немаат доволно простор за да сместат машина за перење и сушење алишта во нивниот дом, доаѓа револуционерната ножна мини машина Drumi на компанијата Yirego.
Оваа машина за перење и сушење на алиштата не користи електрична енергија, туку силата ја добива од педалата што ја придвижува корисникот со нога. Со потенцијал да биде изработена од 40% рециклирани материјали, ножната машина за перење и сушење на алиштата е оддржливо решение што заштедува време, енергија и пари.
Предпродажбата на овој револуционерен апарат за домаќинство, што помалку наликува на соковник, е до денеска. За сите оние кои сакаат проблемот со валканите алишта да го решат со Drumi треба од семејниот буџет да одвојат 129 канадски долари.