Фото: Pixabay
Во февруари годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 678 991 МWh електрична енергија, 42.483 мил. нм3 природен гас, 416.900 тони јаглен и 66.449 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.
Според статистиката, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 85,6% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,9% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.