Duo – пренослив безбедносен сензор

39

untitled

Фото: Indiegogo

Duo е пренослив сензор што ги чува вашите работи и алармира преку порака доколку има безбедносен проблем. Производот е дело на стартапот Simtek, основан во 2016 година во Калифорнија.

Уредот функционира во 200 земји во светот, а се активира преку светлина или инфрацрвени зраци.  Може да чува било какви предмети, опрема, лекови, багаж, сето она што за корисникот е важно и вредно. Не е потребен WiFi, Bluetooth или извор на енергија, Duo работи на батерија што со едно полнење трае една година, а потребен и е стандарден Micro USB кабел.

Секое темно место во коешто нема движење може да биде осигурено со сензорот. Доколку детектира некој проблем Duo го информира корисникот за 15 секунди на мобилен телефон. Од Simtek се надеваат дека производот ќе почне да се испорачува од октомври оваа година.

Duo има и своја кампања на платформата за финансирање Indiegogo и досега има собрано 31.435 долари од побараните 15.000. Кампањата трае уште  21 ден.