Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесува 41.585 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесува 62. 573 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 109.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност,
забава и рекреација (11.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесува 62 573 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 110.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.8 %), Уметност, забава и рекреација
(12.0 %) и Преработувачка индустрија (11.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.1 %) и Преработувачка индустрија (2.9 %).