Фото: Pixabay
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2018 година е поголем за 0.1 п.п во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, а е зголемен за 0.7 п.п во однос на истото тримесечје од 2017 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното
тримесечје, стои во соопштението на Државниот завод за статистика. Очекувањата за бројот на вработени се дека ќе останe речиси непроменет во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2018 е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а е еднаква како во првото тримесечје од 2017 година. Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, додека оценката за финансиската состојба е поповолнa во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 21,8 %, зголемени трошоци за материјали со 20,9 %, конкуренција во сопствениот сектор со 17,0 % и неповолни временски услови со 11,3 %.