ДЗС: Вкупна потрошувачка по видови енергенти во март

44

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 728.232 МWh електрична енергија, 26.221 мил. нм3 природен гас, 388.084 тони јаглен и 73.370 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 75,7 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,1 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на  електрична енергија.