Во април намален бројот на одобренија за градба

31

Државниот завод за статистика објави дека во април 2018 година се издадени 249 одобренија за градење, што претставува намалување за 3,9% во однос на истиот месец лани.

Врз основа на издадените одобренија, предвидена е изградба на 965 станови, со вкупна корисна површина од 62.340 м2, и вредност на објектите од 6.214.781 илјада денари, што е за 73,3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 (53,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 44 (17,7 %) за објекти од нискоградба и 71 (28,5 %) за објекти за реконструкција.
Во 64,7 % (161 градба) од градбите како инвеститори се јавуваат физички лица, додека на 88 (35,3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Фото: Pixabay