Фото: Pexels
Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика, во декември 2017 се издадени 257 одобренија за градење, што е за 22,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.730.156 илјади денари, што е за 76,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (60,3%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (7,4%) за објекти од нискоградба и 83 (32,3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 257 објекти, на 184 (71,6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (28,4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 25.413 м2.