ДЗС: Во мај издадени 222 одобренија за градба

51

Во мај годинава се издадени 222 одобренија за градба, што е за 7,9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.529.344 илјади денари, што е за 4,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52,2 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,5 %) за објекти од нискоградба и 65 (29,3 %) за објекти за реконструкција. На 116 објекти (52,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека, пак, на останатите 106 (47,7%) инвеститори се деловни субјекти.

За овој период предвидена е изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38.951 м2.