Една од најпочитуваните жени во технолошката индустрија се повлекува: YouTube добива нов шеф

99

Сузан Војчицки, долгогодишна директорка на Гугл, која одигра една од клучните улоги во создавањето на компанијата, објави дека се повлекува од позицијата извршен директор на Јутјуб, откако минатите девет години ги помина на таа позиција, соопшти агенцијата АП.
Во е-пошта до вработените на YouTube, Војчицки рече дека се повлекува од функцијата извршен директор за да „започне ново поглавје фокусирајќи се на семејството, здравјето и личните проекти што ја интересираат“. Таа не даде детали за тоа какви се нејзините планови.

Нил Мохан, долгогодишен близок соработник, ќе ја наследи како извршен директор.

Иако стана една од најпочитуваните жени директори во технолошката индустрија во која доминираат мажи, Војчицки ќе остане запаметена и како една од основачите на Google.

Таа ја изнајми својата гаража во Менло Парк, Калифорнија на коосновачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин за 1.700 долари месечно. Пејџ и Брин, тогаш 25, продолжија да го усовршуваат својот пребарувач во нејзината гаража пет месеци пред да го преселат Google во поформална канцеларија, а подоцна ја убедија  да дојде да работи во нивната компанија.

Во 2006 година Google ја купи нејзината куќа, како споменик на корените на компанијата чија вредност се проценува на 1,2 трилиони долари.

Фото: Facebook