Ефективен маркетинг пристап за претприемачите од Пелагонискиот регион

42

pelagoniski 3

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, продолжува со спроведување на Програмата за претприемачи во Пелагонискиот регион. Минатата недела во Битола се одржа третиот настан на тема Ефективен маркетинг пристап, на кој гостин говорник беше Ирена Јакимова, маркетинг консултант.

Претприемачите разговараа за значењето на маркетингот во мала компанија, главните елементи на маркетингот, разликата помегу Б2Б  и Б2Ц маркетинг, што претставува односи со јавност и како компаниите можат да го организираат комуницирањето со јавноста, важноста на маркетингот преку социјалните медиуми  и важноста на двонасочната комуникација со целната група, како и за тоа кој маркетинг е најефективен за компаниите што присуствуваа на средбата.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестици. Проектот е имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи ЦЕЕД Македонија.