Science City International ќе биде името на новиот комплекс којшто ќе се гради во Египет, а истовремено ќе претставува место за интерактивни изложби, музеј, планетариум, опсервациска кула, простории за истражување, работилници и конференциски центар.
Градбата наликува на футуристички бели чинии коишто формираат оаза на знаењето во пустината, пишува Inhabitat. Комлексот е дизајниран од страна на лондонската компанија Weston Williamson+Partners, којашто победи на натпреварот организиран од културниот центар Bibliotheca Alexandrina.
Science City International ќе биде лоциран на западната страна на Каиро наречена 6th of October City.
На натправарот се бараше градба/и и простории коишто мораат да бидат инспиративни однадвор и мотивирачки и интересни одвнатре, како за вработените, така и за посетителите. Градбата на Weston Williamson+Partners победи во конкуренција од 446 пријавени, вклучувајќи и градба на Zaha Hadid Architects, којашто освои трето место.