ЕК ќе отвори истрага за спојувањето на Fiat Chrysler со PSA

80

Европската комисија (ЕК) најави отворање детална истрага за спојување американско – италијанскиот Fiat Chrysler Automobiles N.V. (FCA) и француската групација PSA Group (PSA) стравувајќи од намалување на конкуренцијата.

“Двете групи, што ќе го формираат четвртиот по големина производител на автомобили во светот, имаат ‘силно место’ на пазарот на автомобили. Ние внимателно ќе процениме дали предложената трансакција ќе има негативно влијание на конкуренција на пазарот“, истакна еврокомесарката за конкуренција, Маргарет Вестагер.

ЕК, којашто треба да донесе одлука до 22 октомври, загрижена е дека спојувањето ќе ја намали конкуренцијата за возила помали од 3,5 тони во 14 земји членки на ЕУ (Белгија, Хрватска, Чешка, Шпанија, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија), како и во Велика Британија.

Овие две групи во 2019 година заедно имале промет од 170 милијарди евра и прoдале повеќе од осум милиони возила.

Фото: Pixabay