Експерт за финансии открива каква навика имаат богатите, а ја нема кај сиромашните

400

Цели пет години Томас Корли, експерт за финансии ги проучувал животите на луѓето кои по својата заработка може да се сведат на богати и оние кои со финансиите едвај излегуваат на крај. Неговата работа се состоела од следење на повеќе од 200 активности на 233 богати и 128 луѓе кои живеат на работ на егзистенција.

Кога Корли ги сумираше собраните факти, ги собра и одзеде сите навики и начин на живот и на богатите и на сиромашните, тој издвои посебна категорија која се истакнува како многу важна, а тоа е планирање секој ден и реализација на поставени задачи и цели за тој ден. Тој заклучи дека овие две групи се многу различни во ваквите дневни рутини.

Дури 67% од богатите ги запишуваат своите цели, додека кај сиромашните, оваа навика е забележана кај само 17% од испитаниците. Но, уште поинтересно е што 81% од богатите прават свои дневни листи на обврски, додека кон овие навики се придржува само 1% меѓу сиромашните.

Луѓето кои живеат на работ на егзистенција не знаат што се дневни планови и реализација на целите ден по ден.

Корли истакна дека “дневните листи со цели и обврски се одлична алатка за богатите да не запаѓаат во стапицата на одложување на обврските, да ги постигнат своите задачи и цели и едноставно да го држат денот во свои раце“. Тој наведува уште еден важен факт – богатите ги реализираат своите дневни листи со обврски во поголем број, поточно 70-80% од списокот што го испланирале. Зошто?

Прво, со запишување на дневните обврски, тие имаат контрола над нивниот ден.

Второ, ваквите листи помагаат да се постигнат краткорочни и долгорочни цели.

И, почитувајќи ги листите на обврски, богатите избегнуваат какво било одлговлекување или одложување. Како што Корли заклучува:
“Богатите се богати затоа што разбираат дека не може да бидат богати ако ги одложуваат обврските!“

Фото: Pixabay