ЕЛЕМ денес ја реализира втората продажба на вишоци електрична енергија

46

Втората продажба на вишоци електрична енергија за годинава ќе се одржи денес (вторник, 22 мај) во просториите на Дирекција на АД Електрани на Македонија, по пат на аукциско надавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори, стои во соопштението.

АД ЕЛЕМ минатата недела објави продажба на  вишоци на електрична енергија, за јуни 2018г., во вкупни количини од 24.480 MWh електрична енергија, од кои 14.400 MWh се “базна“ и 10.080 МWh се “врвна” eлектрична енергија.

Благодарение на добрата оперативна и производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството, во понатамошниот период ќе следуваат и нови објави за продажба вишоци електрична енергија за јули 2018г.

Последната продажба  се одржа на 3 мај годинава,  на која беа продадени вишоци електрична енергија за 3. 874.598 евра.