ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

49

 Во текот на вчерашниот ден АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија во количина од 12.000 MWh, по просечна цена од 66.34 eвра за MWh. Вкупниот приход за компанијата од оваа продажба е 796.080 евра. Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018г.

Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. АД ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 MWh, со вкупен приход од 11.595.638 евра.