АД ЕЛЕМ и Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, распишуваат КОНКУРС за доделување 5 стипендии за студентите на Техничкиот факултет – Битола.
Како што се наведува во соопштението на конкурсот можат да се пријават:
- Редовни студенти на Факултетот кои се запишани за прв пат, во прва година на студии во академската 2017/2018 година.
- Студенти кои студираат на студиски програми од: Електротехничкиот отсек, Машинскиот отсек, Мехатроника
Право на учество имаат студентите кои ги исполнуваат следните критериуми:
- студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во прва година во академската 2017/2018 година;
- просечната оценка по завршување на првиот семестар на студентот да не е помала од 8.0 (осум);
- студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
- студентот да е државјанин на Република Македонија
Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕЛЕМ и 1 (еден) член од Техничкот факултет од Битола. Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот во првиот семестар, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:
- максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот во првиот семестар, најмногу 70 поени;
- освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени;
- резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени
Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетраење од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.
За потребната документација, начинот на аплицирање и слично погледнете го официјалното соопштение.