2014 година може да се нарече година на луксузот, бидејќи на 10 локации ширум светот ќе се отворат нови елитни, раскошни и луксузни хотели. Еве кои се тие:
10. Park Hyatt, Виена, Австрија
Овој хотел ќе има 143 соби, од кои дури 35 ќе бидат луксузни апартмани. Со отворањето на овој брендиран хотел, од Виенската туристичка комора се надеваат дека бројот на туристи на годишно ниво ќе се зголеми за најмалку 1.200. Убавината на хотелот е што се наоѓа меѓу стари градби и нуди прекрасен поглед.
9. Four Seasons Resort, Орландо, САД
Ова е хотел во кој ќе може да ужива целото семејство. Неговата изградба чинела 360 милиони долари. Поделен е на посебни делови за возрасни и деца. За возрасните има посебни базени каде можат да пијат коктели, а кои се забранети за децата, додека пак на најмладите им се нудат безброј активности како скијање на вода, качување по ѕидови и други. Во овој ресорт е планирано да се одржува првенство во голф.
8. Royal Savoy, Швајцарија
Хотелот е лоциран во Лозана, Швајцарија, и првично бил изграден во 1906 година кога доживува легендарен углед. Тој е реобновен и транформиран во хотел со 5 ѕвезди. Во него има 196 луксузни соби и апартмани.
7. St Regis, Каиро, Египет
Хотелот е сместен во центарот на најголемиот град во Египет. Гостите ќе имаат можност од своите тераси да ја гледаат реката Нил. Хотелот има 292 соби, од кои 63 се луксузни апартмани. Оваа катарска инвестиција чини 580 милиони долари.
6. Trinity Square, Лондон, Англија
Trinity Square е една од најпознатите згради во Лондон и оваа година таа ќе биде трансформирана во луксузен хотел. Зградата е изградена во 1922 година, а неколку пати била и реконструирана, како на пример по Втората светска војна. Гостите во овој хотел ќе уживаат во погледот на реката Темза и лондонската кула.
5. Fairmont, Џакарта
Овој елитен хотел со 380 соби е сместен во центарот на еден од најпрестижните шопинг центри во Џакарта. Од предвидените 380 соби, планирано е дури 108 да служат за продолжен престој на посетителите.
4. Ritz Carlton, Тунис
Ritz Carlton ќе го отвори првиот луксузен хотел во Тунис. Тој ќе биде сместен веднаш до Претседателската палата. Предвидено е да има 129 соби и апартмани, а гостите ќе можат да уживаат во огромната сала за бал, како и луксузните спа центри.
3. Mondrian, Лондон, Англија
Оваа зграда првенствено била изградена во 1970 година, кога била и предвидена на биде луксузен хотел, но никогаш не ја доживеала својата намена се до 2014 година, кога прераснува во луксузен хотел. Хотелот има два речни ресторани, ротирачки бар на покривот, како и бар за доручек. Има и бал сала инспирана од 20-тите години на минатиот век.
2. Four Seasons Resort, Дубаи
Овој хотел било предвидено првенствено да се отвори во 2009 година, но поради финансиската криза, неговото отворање е најавено за 2014 година. Хотелот има 237 соби, а изнајмувањето од ден чини од 60 до 700 долари. Во него ќе бидат вработени 500 луѓе.
1. Kameha Bay Portals, Мајорка
Хотелот ќе биде лоциран во близина на Puerto Portals марината. Во него ќе има 65 луксузни соби и апартмани. Ќе располага со многу спа центри кои ќе ги нудат најновите холистички и разубавувачки третмани. Според Шпанската туристичка комора, Мајорка годишно ја посетуваат 22,7 милиони туристи.