Етиопија засади повеќе од 200 милиони дрвја во еден ден, што би можел да претставува светски рекорд.
Целта на иницијативата Green legacy initiative е активно да се бори против уништување на шумите и со тоа да се влијае на климатските промени. Некои државни институции, агенции и слично, биле затворени за да може вработените активно да учествуваат во акцијата.
Податоците на Обединетите нации, како што пренесува BBC, покажуваат дека покриеноста со шуми на Етиопија паднала од 35% на почетокот на 20-от век на нешто над 4% на почетокот на 21-от век.
Во овој момент, светскиот рекорд на засадени стебла во еден ден го држи Индија, каде што во 2016 година, 800.000 волонтери засадија повеќе од 50 милиони дрвја.
Фото: Pixabay