ЕЦБ пред дилема: Помало или поголемо зголемување на каматните стапки?

123

Денеска, според очекувањата на пазарот, Советот на Европската централна банка седми пат по ред ќе ги зголеми главните каматни стапки во еврозоната.

Овојпат прогнозите одат во прилог на помал пораст од последните шест седници. Тоа треба да биде 0,25 процентни поени.

И покрај забавувањето на динамиката, ова би ја продолжило рекордната низа на затегнување на монетарната политика. Од јули минатата година, Советот ги зголеми каматните стапки за вкупно 3,5 процентни поени.

Во Франкфурт со зголемување на каматните стапки и постепено повлекување на кризните програми за купување хартии од вредност, се обидуваат да ја ограничат инфлацијата во еврозоната, која и покрај забавувањето во последните месеци е историски многу висока.

Аналитичарите, според оценката на Блумберг, очекуваат дека овој пат најверојатно ќе има две последователни зголемувања од по 0,25 процентни поени, по што каматните стапки треба да останат на достигнатите нивоа најмалку до крајот на годината.