Euromoney ја прогласи Загрепска берза за најдобра во централна и источна Европа

39

Zagreb,05.10.2005 (novosti) Zagrebacka burza  snimio:Josip Regovic

Реномираниот финансиски магазин Euromoney ја прогласи Загрепската берза за најдобра, односно за добитник на наградата Best Financial Exchange in CEE, во категоријата Best Managed Companies in CEE (Најдобро управувани компании во централна и источна Европа), соопштија од Берзата, пренесуваат хрватските медиуми.

Во анкетата учествувале 25 аналитичари од 52 водечки банки и институции. Учесниците во анкетата номинирале по пет најдобри фирми земајќи ги во предвид стратегијата на работење, системот на корпоративно управување, пристапот до повисоките менаџери, транспарентност, вредност за акционерите, информативност и ефикасност на интернет страните и др.

Euromoney е британски месечник кој излегува од 1969 година и е еден од најреномираните што ја следат финансиската индустрија.