Фото: Pixabay
Еден литар Еуросупер БС – 98 од полноќ ќе се продава по цена повисока за половина денар, додека цените на другите горива остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на бензинот Еуросупер БС – 98 ќе биде 64 денари за еден литар, а Еуросупер БС – 95 и во следните две недели ќе се продава по 62 денари за литар, додека еден литар Еуродизел (Д-Е V) е 48,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.08.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.08.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,993 ден/кг.