Европа дозволи користење на мобилни при полетување и слетување

49

mobile-planeЕвропската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) донесе позитивна одлука за употреба на мобилни уреди и таблети во авионите во сите фази на летот, при полетување и слетување.

“Ова е важен исчекор во процесот на проширување на слободата на користење на електронски уреди во авионите без да се загрози безбедноста”, објави директорот на агенцијата Патрик Ки.

ЕАСА до крајот на овој месец ќе ја обнови новата директива со која се проширува можноста за користење на таблети, смартфони, лаптопи и слични уреди во текот на сите фази од летот, под услов да се подесени во режим за работа во авион (airplane mode).

Новата директива се однесува на сите европски авиокомпании.

На почетокот на овој месец, слична директива донесе и американската Федералната агенција за авијација (ФАА).